Во присуство на членови на Управниот Одбор на Риболовното здружение „Кочански рибар“, љубители на риболовот како и претставник на Подрачната единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес се изврши порибување на езерото „Градче“.

Во езерото беа пуштени околу 200 крапа со тежина нешто поголема од еден килограм, или вкупно езерото е порибено со 226 килограми обичен и израелски крап набавен од Рибникот „Акватика“ од Неготино.

DSCN1050

Како што истакна Ванчо Стаменков, член на Управниот одбор на РЗ „Кочански рибар“ ова е прва ваква акција откако на концесија во месец Септември го добија езерото „Градче“. Со порибувањето како што рече Стаменков очекува една убава риболовна сезона за рибарите кои при уловот мора да ги почитуваат строгите правила во спротивно ќе мора да соочат со казни кои се ригорозни за прекршителите.

Инаку рибата е набавена од средства собрани од членовите на здружението кое моментно брои околу 400, а следна ваква акција е планирана за месец Март следната година.

С. Ивановски

DSCN1066

DSCN1070

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари