Во Сабота (10.12.2016 година) во Ресторан „Престиж“ во Кочани, со почеток во 21:00 часот закажана е Хуманитарна забава под мотото „Подај рака за хуманост“.

Целта на оваа акција е да се обезбедат средства за лекувањето на нашиот сограѓанин Методи Митев.

Влезот е бесплатен, а гостите ќе ги забавуваат „Театро Бенд“, „Коко Бенд“ и „А–Позитив“.

Да се забавуваме, и уште еднаш хуманоста да ја покажеме на дело.

Оние кои нема да можат да присуствуваат на забавата ќе можат да донираат средства со уплата на жиро-сметка:  210-700000626368 (NJB Банка) или преку телефонскиот оператор на T-mobile  070-143-123.

Да му помогнеме на Методи Митев.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари