Изминатиот викенд Сараево (Босна и Херцеговина) беше домаќин на 17-тото Балканско првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година,

Двајца каратисти од Карате Клубот „Партизан“ од Кочани, Мартин Стојменов и Димитар Јакимов како членови на репрезентацијата на Македонија настапија на првенството.

Мартин Стојменов настапи во категоријата до 60 килограми и го освои бронзениот медал, откако во 1/4 финалето го победи Европскиот шампион а во 1/2 загуби од Светскиот шампион. Во борбата за третото место Мартин покажа голема техника и дисциплина во борбата и го совлада својот противник.

Димитар Јакимов стигна до третото коло. Во првото беше слободен, во второто коло го совлада домашниот натпреварувач за да во третото со прегласување на судиите ја загуби борбата.

Ова е нов голем успех за каратистите на Кочани, кои покажаа и докажаа дека во „градот на оризот“ со години нанзад се негува овој спорт.

С. Ивановски

22

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари