ДВАЈЦА БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ПЕРНИК (БУГАРИЈА)

Во Спорт
февруари 26, 2023
1 минути

Двајца борачи на „Спартак“ како дел од комбинираниот тим со „Балканец“ (Штип) настапија на Меѓународниот турнир во борење грчко-римски стил Никола Георгиев – Кимбата“ што се одржа во Перник (Бугарија).

Андреј Соколов (до 48 килограми) и Филип Ангелов (до 68 килограми) настапија во пионерска конкуренција и на крајоти двајцата се пласираа на 5-тото место, додека од останатите тројца борачи, членови на „Балканец“ (Штип) Јован Стефанов го освои третото место во категоријата до 85 килограми.

На турнирот кој е традиционален освен борачи од сите домашни клубови настапија и борачи од Македонија, Србија, Романија и Грција.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ