Караванот на кампањата „Мрдни со прст“  престојуваше денес во Кочани.

На платото во Градскиот Трговски Центар тимот што ја води кампањата постави интерактивни табли преку кои граѓаните се анимираа и вклучуваа со свои ставови за одредени, навидум обични и секојдневни прашања и проблеми за кои даваа позитивно или негативно мислење.

Носител на кампањата е „Националниот младински совет“ а нејзина цел е да се подигне јавната свест за различните можности за општествените промени кои се во доменот на секој поединец.

Кампањата всушност покажува колку е лесно да се мрдне со еден прст и со тоа да се даде личен придонес за одредени ставови.

С. Ивановски

33

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари