Според податоците истакнати на веб страната на „Министерството за животна средина и просторно планирање  на Република Македонија“ денес Кочани заедно со делови од Скопје е еден од градовите со највисоко ниво на загаденост на воздухот.

Кочани е обележено со портокалова ѕвездичка која е само едно скалило пониска од црвената која е и алармантна.

Веднаш после Кочани со „средна“ загаденост на воздухот се делови од Скопје, Битола и Кичево.

И додека во останатите градови граѓаните се запознаени со загаденоста на воздухот, во Кочани сите молчат како риба.

Ако воздухот е загаден и ако негативно влијае по здравјето на луѓето тогаш редно е некој во Кочани да почне овие информации да ги презентира пред населението се со цел самите да знаат како да се заштитат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари