Во Петок е закажана седница на Советот на Општина Кочани на која меѓу останатите точки од дневниот ред ќе биде и „Предлог програма за спорт на Општина Кочани за 2017 година“.

Во Предлог програмата „куп“ пари за спортот, за верување или не, ама за спортот во 2017 година се предвидени „огромни“ 2.050.000,00 денари (2000.000,00 повеќе од Буџетот за 2016 година), средства кои ќе се чудат спортистите (не само клубовите) како да ги потрошат.

За Трансфери на 16-те клубови кои поднеле Програма и Финансов план, и функционирање на сојузи и здруженија предвидени се 1.200.000,00 денари или за 200.000,00 денари повеќе од буџетот за тековната 2016 година.

За Спортски манифестации предвидено е со новиот буџет 150.000,00 денари или за 100.000,00 денари помалку од тековната година.

Ставката за одржување на спортски објекти е зголемена од 500.000,00 денари на 600.000,00 денари.

Ставката „Репрезентација за Избор на спортист на годината и други манифестации е непроменета, и сегашниот и идниот буџет предвидуваат 100.000,00 денари.

За илустрација само, Општина Штип во буџетот за 2017 година за ФК „Брегалница“ ќе издвои 10.000.000,00 денари, или пет пати повеќе од вкупниот буџет за спорт за 2017 година во Општина Кочани.

Сепак во Петок ќе почекаме да видиме дали и оваа „зелена ќе ја скинат“ советниците.

Праксата до сега покажа дека сето она што се договори на комисиите проаѓа на Советот.

Со толкав „огромен“ буџет спортско Кочани се надева дека идната година „Осогово“ ќе се најде во Втората лига, ЖФК „Кочани“ во квалификациите за Лига на Шампионите, кошаркарите во втората лига, „Спартак“ ќе растура на турнирите и.т.н.

Е мое спортско Кочани, Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари