Вечерва во Ресторан „Пролет“ во Кочани, Планинарското Спортско Друштво „Осогово“ од Кочани, го одржа Годишното собрание.

Откако присутните го разгледаа финансискиот извештај за тековната 2016 година како и степенот на реализација на зацртаните активности, делегатите на Собранието ги избраа новите органи на клубот.

Тошо Антов е избран за нов Претседател на друштвото кој доаѓа на местото на досегашниот Александар Крстов, а Марија Танчева е повторно избрана за секретар.

Во наредните четири години мандат за претседател на Надзорниот одбор доби Сашко Стефановски.

По изборот новоименуваниот Претседател Антов вети дека за време на неговиот мандат ќе се заложи за организирање на што поголем број активности, како и збогатување на програмата на клубот се со цел да има што поголема промоција планинарскиот спорт на овие простори.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари