Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го потпиша договорот со Министерството за финансии за ИПА-грант во висина од 16.000.000,00 денари, за компонентата „ИПА инвестициски грантови“, финансирана од Европската Унија во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги.

Вкупниот износ на проектот e 315.607 евра и ќе биде кофинансиран од страна на националниот буџет во износ од 65.000 евра и од Буџетот на Општина Кочани со 55.607 евра. Со грантот од Европската Унија во износ од 195.000 евра Општина Кочани ќе се реализира првиот дел од проектот „Изградба на локален пат – улица „Гоце Делчев“ за поврзување на с.Оризари со регионален пат и со градот Кочани“.

„Грантот што го добивме со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260.000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и за подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани. Oпштината планира доизградба на улицата „Гоце Делчев“ во Оризари во должина од 742 м. и ширина на коловозот од 7 м. и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 м. Со завршувањето на овој дел ќе се добие една целина што ќе овозможи подобра сообраќајна врска и целосно решавање на левата кејска улица на Оризарска Река“ соопшти градоначалникот Ратко Димитровски.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари