Ако внимателно се прочита Предлог програмата за спорт во Општина Кочани за 2017 која ќе биде разгледувана на седницата на Советот на Општина Кочани, закажана за 16.12.2016 година (Петок), веднаш паѓа во очи програмата поднесена од ЖФК „Кочани“ како дел од нивните активности во следната година.

Меѓу другите активности се споменува организирање на турнир за учество во квалификациите за Лига на Шампионите во женска конкуренција кој како што е наведено би се одржал во средината на месец Август.

И тоа е добро, топ вест за љубителите на фудбалот.

Но, на кој терен и во какви услови ќе биде организиран, доколку и биде организиран турнирот кога по заминувањето на „Брегалница“ од Кочани фудбалскиот терен повторно ќе биде оставен на милост и немилост на природата, бидејќи механизација и стручни лица за негово одржување во Кочани нема.

На кои трибини ќе се соберат гледачите кога постојаните не се по прописите пропишани од УЕФА, односно ПВЦ столчиња има само мал дел, а според пропозициите како што е некаде наведено целата трибина треба да биде опремена со столчиња за седење.

Анти допинг просторија уште нема, соблекувалните ако не во очајна се во полу очајна состојба, посебна просторија за делегатот уште не е направена како и просторијата за составување на записниците.

Ако навистина Кочани сака да организира еден ваков турнир треба работите за приспособување на стадионот и теренот да се започнат веднаш, бидејќи контролите и барањата на УЕФА се јасни.

И навистина веста е топ, секако доколку е вистинита, но ако е некоја шега направена за да се издејствуваат повеќе средства за клубот тогаш некој ќе треба да понесе и одговорност.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари