ВО КОЧАНИ ИЗБУВНАЛ ПОЖАР ВО КУЌА, ПОВРЕДЕНИ НЕМА

февруари 28, 2023
0 минути

На 27.02.2023 во 11.20 часот во ОВР Кочани било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. „Искра“ во Кочани, во која живеел З.И.(54) кој имал здравствени проблеми.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

За случајот бил запознаен Центарот за социјална работа Кочани.

Началник на СВР Штип

Боби Гидиоски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ