Судиската организација при општинскиот Фудбалски Сојуз (ОФС) на Кочани го одржа Годишното Собрание на кое беше избран Судискиот Одбор што ќе ја води организацијата во наредниот период од четири години, а беа избрани и делегатите за состав на Собранието на ОФС – Кочани.

На Собранието од 21 делегат присуствуваа 19 со што беа исполнети сите услови за работа.

Од осумте предложени делегати пет влегоа во новиот Судиски Одбор (Александар Ангелов, Драган Јаневски, Драганчо Димитровски, Јордан Гицов и Сашко Ангелов), додека преостанатите тројца (Атанас Кушевски, Љупчо Рашков и Серафим Ангелов) не ги добија потребниот број на гласови.

Судискиот Одбор го назначи Сашко Ангелов за Претседател на Судиската Организација при ОФС – Кочани на кого ова му е трет мандат.

На крајот од состанокот беа предложени и избрани и четворицата делегати (Сашко Ангелов по автоматизам, Јордан Гицов, Александар Ангелов и Драганчо Димитровски) кои ќе ја преставуваат Судиската Организација во Собранието на ОФС – Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари