Во рамките на Завршната работилница за постигнатите резултати од Програмата за зачувување на природата, што се одржа на 16 декември во Пехчево, беше реализирана посета на проектот Туристичкиот информативен центар на „Пониква“.

Со приближно 3.300.000,00 илјади денари од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) извршена е реконструкција на зграда на „Пониква“, којашто е прилагодена во информативен пункт на „Пониква“. Според информациите од Центарот за развој на Источниот плански регион, објектот се состои од сала за состаноци и работилници, изложбен дел за информативно-туристички материјали, канцеларија и две помали простории. Инсталирано е подно затоплување на пелети.

Главната цел на Туристичкиот информативен центар е да нуди што поголема достапност на информации за локалитетот, за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, како и за Источниот Регион. Исто така центарот ќе има за цел да промовира зачувана и унапредена животна средина, одржливо користење на енергијата, развој на различни видови туризам, како и да ги зајакнува институционалните и човечките капацитети за развој на туризмот во Кочанско.

12

13

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари