Одамна завршија натпреварите во Третата Фудбалска Лига – Исток. И додека мрежите мируваат, анализите се она што ги остава луѓето врзани за фудбалската игра.

Пред почетокот на ова првенство од „Осогово“ се најавуваше дека приоритет се првите три места на табелата кои водат директно во една од двете Втори Фудбалски Лиги.

Токму и желбата да се стигне до тој пласман можеби и беше причината со подготовки да се започне последната седмица од месец Јуни, а првенството започна на 8-ми Септември.

Иако во првите четири кола „жетварите“ трипати беа домаќини а единство и гостуваа на „Тиверија“ во Струмица сепак беа освоени само шест бода или половината од планираните што амбициите за висок пласман уште на почетокот беа спуштени на земја. Но по упатените критики и консолидирањето на екипата наиде одличната серија од 7 победи што на некој начин ја врати вербата за висок пласман. И наместо во тој ритам и со тоа темпо да се финишира во првенството „жолто-сините“ дозволија во последните три кола да не освојат ниту бод и да есенскиот дел од првенството го завршат на 5-тото место со дванаесет бода помалку од лидерот „Беласица“, односно шест зад „Плачковица“, четири заостанување зад „Каменица Саса“ и еден зад „Овче Поле“.

Кој и каде е виновникот со право се прашуваат љубителите на фудбалот во „градот на оризот“?

Без разлика дали некој би се согласил или не, еден од виновниците е учеството на речиси сите играчи во различни екипи на „Илинденските спортски игри – Чешиново 2016“.

Играчите едноставно по тие пеколни горештини се „испразнија“ некои заработија повреди, некои замор а некои едноставно почнаа да прават некакви планови за наводно на правење на кариери по други средини.

Сепак, многумина од навивачите на „Осогово“ причините ги гледаат со не баш добро направениот состав. Аксентиев се дозволи да си замине, Паунов влече незгодна повреда, проверени играчи се дозволи на лесен начин да завршат кај конкурентите а единственото нешто добро што кај „Осогово“ од т.н. засилување се покажа, е ангажирањето на Кристијан Блажев и Игор Тодоров.

Но тоа сето веќе е минато, останува како дел од историјата. Сега треба час поскоро да се седне на маса и да се види што му треба на „Осогово“ во пролетниот дел од првенството за да се најде во друштво на екипите кои ќе заиграат еден ранг повисоко.

Времето лета. Време за чекање нема. Ако се сака влез во втората лига ќе треба работите многу посериозно да се сфатат отколку како што се размислуваше пред почетокот на летните подготовки.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари