ОШТЕТЕНО НАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ „СИВИ ДОМ“, НА ПОТЕГ СЕ СОВЕТНИЦИТЕ

март 2, 2023
1 минути

Нов вандализам на „ноќните птици“ кои речиси секојдневно ги уништуваат заедничките добра.

Овие фотографии се од наменското игралиште кај „Сиви дом“ на кој само еден (и тоа оштетен) стои обрачот на кошаркарските табли додека другите два се извадени а едниот е посебна приказна, таблата е во распаѓање.

И сето тоа за да се повторно стави во функција мора да се донесат и нови табли и нови обрачи за да може младите од овој потег на градот да има каде да спортуваат. За тоа пак да се врати во нормала чини пари а според информациите до кои дојдовме Локалната самоуправа на годишно ниво за поправки на оштетени игралишта издвојува 5.000-7.000 евра, средства кои може да се употребат за нешто друго, за нешто што навистина е попотребно.

Да е само оваа штета можеби и нема да се реагира, но тоа е речиси насекаде каде што има наменски и детски игралишта..

Дел од граѓаните кои ни ги испратија овие фотографии апелираат до советниците дела токму тие можат да го  решат овој проблем. Тие се избрани од народот и тие треба да се грижат да имаме подобра средина за живеење. Конкретно, бараат секоја Урбана заедница да биде задолжена со опремата и за истата да се грижи најмалку три години. Доколку во овој период се оштети некое од игралиштата за да можат децата повторно да спортуваат и си играат тогаш Урбаната заедница да биде таа што ќе изнајде начин да се санира штетата. Инаку вака навистина не оди.

На ред е 26. седница на Советот на Општина Кочани на која може овој проблем да се стави на дневен ред, секако доколку се има желба за такво нешто од координаторите на советничките групи.

С.  Ивановски.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ