Поставените цвеќарници и времени прегради за затворање на дел од масите кои се пред кафулињата денес селективно беа отстранети. Иако речиси сите кафулиња така се снаоѓаат во зимски услови и истото го имаат од поодамна направено, денес беа отстранети само оние кои беа пред „Уни Паб“ и „Либеро“.

Ништо изненадувачко кога поединци различно ги применуваат истите закони во државата.

Ако веќе како што истакнуваат од Локалната Самоуправа не било законски она што го планирале да го направат двете кафулиња зошто истиот аршин не е и за оние кои веќе пред нив одамна го имаат истото направено.

Сопствениците се револтирани бидејќи како што истакнаа некој ги пријавил за нивните намери и тие согласно пријавата го отстраниле она што било започнато. На прашањето зошто не постапуваат исто и со останатите угостителски објекти, одговорот бил дека нив уште никој не ги пријавил.

Значи за да се реагира на некоја појава некој мора нешто да пријави иако има во општината вработени службеници на кои тоа им е секојдневна работа.

Инаку малку е и смешно и чудно што за овој простор ингеренциите си ги има присвоено Локалната Самоуправа.

За да се покријат трошоците за превработените во Локалната Самоуправа во Кочани се измислуваат начини како да дојдат што повеќе до средства. Така и површината околу зградата во ГТЦ на која сопственици се станарите одговорните од општината ја присвоија и сега секој месец години наназад дебело си наплатуваат за користење на „Јавна прометна површина“.

С. Ивановски

DSCN1331

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари