Со средства во висина од 3.600.000,00 денари од Буџетот на Општина Кочани, на вкупна површина од 1.300 м2 заврши изградбата на повеќенаменското игралиште во населбата „Трајаново Трло“.

„Игралиштето е составено од терен за ракомет (22 х 44 м) со заштитен појас од 1м, две игралишта за кошарка, односно четири места за баскет и игралиште за одбојка. Терените се осветлени со два столба со рефлектори за ноќно спортување. Подлогата е асфалтна, во комбинација со бехатон и префабрикувани риголки. Општина Кочани и

КЈП „Водовод“ направија распоред на 40 култивирани садници, по обемот на локацијата“ соопшти Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Кочани.

Градежните зафати на овој проект ги изведе Градежното претпријатие „Бони интер градба“ од Штип.

Досега Општина Кочани прилагоди односно изгради повеќенаменски игралишта во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, потоа во населбите „Валог“, „Усова Чешма“, Оризари, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и во населбата „Тикешински Лозја“, во дворот на објектот „Сончогледи“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“.

unnamed (3)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари