ВО НЕДЕЛА СТАРТУВА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
март 3, 2023
1 минути

Со четирите натпревари од 12-тото коло во Недела со почеток во 14:00 часот стартува пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток.

По откажувањето од понатамошните настапи на „Победа“ (Валандово) и „Брегалница сениори“ (Делчево) првенството ќе го доиграат десет екипи а натпреварите кои според распоредот се со екипите кои ја напуштија лигата нивните противници ќе ги добиваат натпреварите со службен 3:0.

Инаку во 12-тото (прво пролетно) коло се среќаваат:

„Спартмани“ – „Овче Поле“

„Дојранско Езеро“ – „Рудар“

„Малеш“ – „Карбинци“

„Тиверија“ – „Вардарски“

Слободни во ова коло се „Осогово“ и „Академија Чешиново-Облешево“.

С.  Ивановски