Гестот што неодамна го направи Драган Христов менаџер на конфекцијата „Пеко Текс“ од Кочани е за почитување.

Имено тој реши да ги облече во маици со логото на неговата конфекција ракометарите на „Младинец“ од Кочани.

„Сакаме да искажеме голема благодарност до конфекцијата „Пеко Текс“ и нејзиниот сопственик Драган Христов кој ги облече во маици ракометарите и ракометарките од генерациите 2002/03, 2004/05 и помалите. Во моментот кога децата ги добија маиците инаку прва ваква донација за нив, нивната радост беше голема. Искрено се надеваме дека како и што вети Христов нашата соработка ќе продолжи и во иднина. Уште еднаш од наше име и од името на сите ракометари на „Младинец“ голема благодарност до Драган Христов и неговата конфекција“ беше пораката што ни ја испратија двајцата тренери на „Младинец“ Петар Николов и Димитар Филипов.

22

33

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари