Во Спортската сала „Никола Карев“ во Кочани вечерва бевме сведоци на извонредно возбудлив и ефикасен натпревар во рамите на 1/8 финалето од Купот на Македонија во вутсал.

Играчите на КМФ „Уни Паб“ во се го надиграа реномираниот гостин КМФ „Кратово“ и на крајот заслужено славеа со 6:4 (4:1).

Натпреварот почна претпазливо од страна на двете екипи. Домаќините рано го отворија резултатот, но Кратовчани мошне бргу израмнија на 1:1. Примениот гол како да им даде додатна сила на „кенлерите“, се растрчаа по теренот и од три контра напади исто толку пати ја затресоа мрежата на „Кратово“. Со резултат 4:1 се замина на одмор.

Но второто полувреме почна лошо за домаќините. Како да беа убеден во победата почнаа да грешат а искусните играчи на „Кратово“ знаеја тоа да го казнат и со два погодоци внесоа неизвесност на натпреварот.

Сепак кочанчани се тргнаа кога беше најпотребно, и за само неколку минути со нови два погодока ја вратија разликата од полувремето.

До крајот единствено гостите успеаја со гол во мрежата на „Уни Паб“ да го ублажат поразот.

Со оваа победа екипата на „Уни Паб“ влезе во 1/4 финалето каде ја очекува уште еден нов предизвик.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари