Претставници од компанијата „Еко-Пак Хит“ од Кочани денес ги посетија дечињата со посебни потреби во паралелката во состав на ОУ „Малина Попибанова“ каде по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници им подарија пакетчиња.

Радоста на дечињата беше голема а тие како знак на благодарност на претставник од компанијата „Еко-Пак Хит“ му врачија Новогодишна честитка.

„Еко-Пак Хит“ веќе неколку години има свои донации не само во ОУ „Малина Попиванова“ туку и во останатите училишта во Кочани и околните општини, но веќе четврта година по ред тие донираат пакетчиња за децата со посебни потреби.

Гест за респект и почитување.

С. Ивановски

DSCN1349DSCN1350

DSCN1356

DSCN1358

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари