По повод одржувањето на годинешниот традиционален „Новогодишен концерт“, Директорот на ОМУ „Ристо Јуруков“ Елизабета Ѓеорѓиева одржа прес-конференција со цел подетално да бидат запознаени граѓаните од општината и пошироко.
Годинава е планирано да се одржат седум претстави во периодот од 26 до 29 Декември.
Понеделник (26 Декември) ќе има две претстави од 11:00 и од 13:00 часот, и двете за училиштата.
Вторник (27 Декември) од 11:00 ќе биде за училиштата, а од 19:00 часот за повозрасните граѓани.
Среда (28 Декември) претставите од 11:00 и 13:00 часот ќе бидат за училиштата
Финалниот концерт, 16-то издание ќе се одржи во Четврток (29 Декември) со почеток во 19:00 часот и истиот е за повозрасните граѓани.
Како што најави Ѓеорѓиева годинава вкупно ќе учествуваат околу 190 музичари и дечиња членови на хорови.
Цената на годинешните влезници изнесува 150,00 денари, а истите ќе можат да се набават на касата во ДК „Бели Мугри“ веќе од Петок.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.