ПС Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М. (19) од Кочани поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 18.08.2016 година во Кочани на раскрсницата помегу улиците „Страшо Ербапче“ и „Роза Петрова“ полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што пронашле 2,25 грама наркотична дрога марихуана.

Од преземени мерки било утврдено дека во август 2016 година неовластено ја набавил дрогата од непознато лице од Скопје за сума од 3.000 денари и истата неовластено ја држел во домот на неговата мајка во Кочани, со намера да ја продава на лица уживатели на опојни дроги.

Извор: Дневен билтен на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари