Во присуство на дечињата од големата група од „Клон 4“ при ДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ започна реализацијата на проектот „Книгата патува во домот на секое дете“.

Кога започна овој проект на почетокот на месец Октомври оваа година во склоп на „Недела на детето“ во него беа вклучени дечињата од сите четири клона од градот и клонот од населбата Оризари.

„Целта на овој проект беше децата мотивирано да ја однесе книгата во своите домови, да ја разгледаат заедно со своите родители за да потоа импресиите од книгата ги пренесат на цртежи кои се дел од денешната изложба. Инаку изненадени сме од интересот на дечињата и нивните родители за проектот што се гледа и од самите цртежи“ изјави Магдалена Кочовска Салтирова, Координаторот на проектот.

Сите цртежи а нив ги има 156 на број од денес се дел од изложбата која беше отворена во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ и истата ќе можат заинтересираните граѓани да ја посетат во наредните месец дена.

С. Ивановски

12

13

14

15

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари