По синоќешното извлекување на главната награда во „Казино BWIN“ во Кочани, познат е добитникот што во иднина ќе се вози во „Голф 7“.

Од големиот број на талони кои беа во игра а се собираа речиси преку целата 2016 година среќата му се насмевна на Оливер Јовановски, познато и признато спортско име во Кочани.

P3480339

Жири-комисијата откако констатира дека сите услови се исполнети дозволи да биде извлечен талонот кој требаше да ја донесе главната награда. Најпрвин беше прочитан бројот на личната карта напишан на талонот. Сето тоа беше уредно нотирано од комисијата и се чекаше само да се дознае името на среќниот добитник.

Денеска дознавме дека Оливер Јовановски е добитникот кој ќе го вози „Голф 7“.

Порталот www.komarec.com.mk му посакува многу среќа и мирно возење.

Со среќа, Оливер Јовановски

С. Ивановски

DSCN1437

 

DSCN1439

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари