Во една релаксирана атмосфера, со песни, ора и по некоја анегдота од судискиот живот, судиите, делегатите и контролорите од Судискиот актив при Општинскиот Фудбалски Сојуз од Кочани како и поканети спортски работници, на еден убав начин, распеано и разиграно испратија уште една фудбалска година.
Освен оправданото и неоправданото отсуство на неколкумина сите останати дојдоа во Клуб „Аква“ и се забавуваа до доцните вечерни часови.
На крајот од дружењето посакувајќи си уште подобра и поуспешна нова 2017 година, сите присутни апелираа за слога во организацијата, за да можат така здружени да се справат со сите неправдини што неколку години наназад им се нанесуваат.
Службените лица од Судискиот фудбалски актив при ОФС Кочани по осми пат организираа вакво предновогодишно дружење.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.