Во просториите на Шаховскиот Клуб „Кочани“, за време на викендот се одржа традиционалниот „Новогодишен турнир во шах“.

Осим натпреварувачи играјќи 2 х 10 минути партија се бореа за титулата.

По седум одиграни кола со 6 поени (5 победи и 2 реми одиграни партии) првото место сосема заслужено го освои Тодор Милосиев. Со половина поен заостанување на втората позиција се најде Гоце Горгиев а третото место со 4,5 поени го поделија Станчо Аксентиев и Владимир Мицов.

Петти е Гоце Николов со 3,5 поени а шести Зоран Христов со 2 поени.

Седмото место со 1 освоен поен го поделија Митко Петрушев и Зоран Стојчов.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари