АКЦИЈА ЗА ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ДВОРОТ НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА „ДЕТЕЛИНКИ“

март 6, 2023
1 минути

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Општина Кочани во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и со Детската градинка „Павлина Велјанова“ изведе акција за озеленување на дворот на новата детска градинка „Детелинка“, во населбата Драчевик.

„Комбинацијата на поводот – Меѓународниот ден на жената со изборот на локацијата за пошумување и со целта – да  се подобри капацитетот на „белите дробови“ во локалната средина, се испраќа порака дека секоја жена треба да биде свесна за засегнатоста од климатските промени, но и за нејзината важна улога во зачувувањето на животната средина“ истакна Кристина Атанасова-Арсова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

„Со денешнава активност сакаме да го нагласиме фактот дека секоја нова установа во која се згрижуваат деца овоможува поголем пристап на жените до работа, а со тоа и нивно економско јакнење“ додаде Љупчо Папазов, градоначалник на Општина Кочани.

Во акцијата за озеленување на дворот на новата градинка се садеа јасени и туи, а во неа се вклучија деца, членови на Извидничкиот одред „Ластовица“, Советот на Општина Кочани, претставници на Националната платформа за женско претприемништво, јавната администрација и на граѓански организации.

Акцијата е дел од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ