Во вторникот навечер, во просториите на ресторан „Аледар“ во Кочани планинарите од ПСД „Осогово“ ја одржаа традиционалната  планинарска вечер.

На средбата присуствуваа двесетина најактивни членови на клубот, кои изминатата година го претставуваа градот и државата на повеќе планинарски акции.

По претходно одржаното Годишно Собрание, кога беа сумирани резултатите, вечерта беа доделени и посебни благодарници на членови за кои раководството оцени дека дале посебен придонес за развојот на планинарскиот спорт во Кочани.

Планинарите истакнуваат дека се задоволни од изминатата година и почестени од неодамнешната одлука на новинарите од Источниот регион ПСД „Осогово“ да биде прогласен за најуспешен спортски клуб. Истовремено се надеваат дека истиот слух ќе го имаат и одговорните во Општина Кочани при изборот на спортист и спортски клуб во општината.планплан

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари