Откако заболувањето почна да зема замав повеќе од дваесет лица со симптоми на грип се регистрирани во Центарот за Јавно Здравје во Кочани.

Засега лекарите состојбата ја оценуваат како стабилна, но не се исклучува можноста за време на празниците таа да почне да зголемува. Како што истакнуваа од Центарот за јавно здравје, состојбата редовно се следи, појавата на грипот не е алармантно, но загрижува бројот на пациенти со останатите сезонски заболувања.

До сега, се пријавени 26 случаи, меѓутоа паралелно со пријавувањето на грип имаме и алерт систем на пријавување, тоа е симптоматско неделно пријавувње. Во однос на 4 недели наназад, кога имавме 350 случаи на горнореспираторни заболувања, сега бројот е зголемен двојно, значи околу 600 случаи неделно. Тука се тонзилофарингити, ангини, синузити и слично, а и долнореспираторните го следат овој тренд, значи постепено и тие се покачуваат, рече д-р Натка Каранфилова од Центарот за јавно здравје – Кочани.

Што се однесува и до регионот што го покрива Центарот за јавно здравје и тука состојбата во моментот е релативно мирна, така што имаме податоци за Виница каде се 4 лица до сега пријавени како заболени од грип, во Пехчево 8, во Делчево 3, а во Берово немаме пријава за болен од грип.

Лекарите препорачуваат да се внимава во исхраната, односно да се внесува во организмот повеќе чаеви, течности, природни сокови, да се избегнуваат контакти со болни лица кои покажуваат симптоми на заболување, да се избегнува подолг претстој во непроветрените простории.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари