Крсте Крстев од пролетниот дел на првенството ќе седи на жешката клупа на „Вардар“ од Неготино кој грчевито се бори да го сочува второлигашкиот статус.

„Вардар“ се наоѓа на претпоследната позиција и заедно со „Тиквеш“ и „Тетекс“ се во најопасната зона.

„Ќе биде многу тешко да се избориме за она што е пропуштено во есенската сезона. Но надеж постои се додека се играат натпреварите. Искрено мислам дека со добри подготовки и со здрави и спремни играчи ќе можеме да останеме и следната година во втората лига“ беше првата реакција на Крстев.

Инаку Крсте Крстев важи на овие простори за добар тренер кој со екипата на „Осогово“ изминатите години постигна солидни резултати.

Последен клуб на чие чело беше Крстев е екипата на „Плачковица“ од Радовиш

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари