Недомаќинското и прикриено вклучување на кафулиња, на продавници, како и непрофесионалното однесување на поединци при самостојно чепкање во електричната инсталација, во вториот влез во блокот „А“ во ГТЦ денес за малку предизвикан инцидент со големи последици.

Имено, околу 13:00 часот во блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар снема струја, а веднаш потоа пред самата зграда почнаа да се собираат радознали сограѓани.

Веднаш стигнаа противпожарни возила кои одвај дојдоа до зградата поради лошо паркираните возила на улицата. Набргу стигнаа и екипи од ЕВН.

Причината е избивање на пожар на една од таблите со електрични броила во вториот (средниот) влез од каде излегуваше густ дим кој го наполни влезот во зградата. Присебноста на членовите на ТППЕ од Кочани ја спасија на самиот почеток работата. Најпрвин не дозволија станари да излегуваат во ходникот а потоа се искачија до највисокиот дел од зградата каде ја отворија вратата со што се создаде воздушно струење и за краток временски интервал густиот дим беше минато.

Екипи на ЕВН работеа до 23:00 часот и успеаја да пуштат струја во 21 стан, односно онаму каде штетата не беше голема, а оние кои се најмногу оштетени, каде и изби пожарот ќе се доработат веќе последниот ден од годината и според одговорните во ЕВН сите за Нова година ќе имаат електрична енергија.

Штетата е голема, но можеше да биде фатална доколку во моментот на избувнување на пожарот и прекинување на електричната енергија некој станар останеше заглавен во лифтот.. Никој немаше да ги слушне неговите повици а густиот дим ќе си го стореше своето.

Ова е прва голема опомена за сите кои на ваков безобразен начин приклучуваат броила што не се во влезот. Општината им наплатува месечно за користење јавна прометна површина па редно е еднаш и да им обезбедат на овие луѓе приклучоци на нивните објекти но не на вакви места по влезовите туку онаму каде ќе бидат и тие а и станарите побезбедни.

Време е нешто да се направи, бидејќи вториот пат можеби ќе нема поправен.

С. Ивановски

DSCN1618

DSCN1621

DSCN1623

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари