Во пресрет на закажаните предвремени Годишни Изборни Собранија на Општинските Фудбалски Сојузи ширум државата на кои незаконски им се скратува мандатот на постојаните членови за неколку месеци а се со цел, предвреме раководните структури во ФФМ да добијат уште еден незаконски мандат, „Обединети за фудбалот во Македонија“ излегоа со Соопштение кое Ви го пренесуваме во целост, а се однесува на некои незаконски манипулации (како што е наведено) токму од страна на челниците на ФФМ.

ФФМ продолжува да ја злоупотребува својата позиција и монополот на информации и директно ги оштетува прволигашите во Македонија. Во ФФМ повеќе години се слеваат средства од солидарниот фонд на УЕФА од приходи остварени од Лига на Шампиони и лига на Европа. Овие средства се стриктно наменети за клубовите (Прва лига) во државите кои немаат свои претставници во натпреварувањата по групи и во завршните натпревари на УЕФА.
ФФМ, според наши сознанија во ниеден момент за ова не им дала прецизна информација на клубовите, приходувајќи и користејќи ги директно средствата добиени од УЕФА во последните неколку години, за непознати намени. Бизарноста на оваа злоупотреба на клупски средства да биде поголема, ФФМ пред клубовите уште се прикажува како дародател, па на клубовите како компензација им дели опрема.
Така, ФФМ на клубовите им упати циркуларно писмо-потврда со која клубовите треба да ја прифатат опремата „Jako“ (во непознат обем и квалитет !!!!!), наместо пари.
(Посебна прикаска е што договорот за опремата е нетранспарентен и тотална тајна и за членовите на УО на ФФМ и најверојатно истата се добива бесплатно).
Поголем дел од клубовите изманипулирани од ФФМ, прифатија да ги потпишат овие потврди.
Оваа година ФФМ ( за клубовите ) доби од УЕФА околу 450.000 евра. Секој клуб требаше да добие по 45.000 евра.
Она што е интересно е уште дека во овој момент поголем дел од клубовите кои ги потпишаа натурените потврди поради неинформираност за своите права, им немаат исплатено плати на играчите и вработените повеќе од 3 месеци…..(1 клуб 12 месеци неплатени,уште 2 клуба по 4 месеци итн).
Со вакво менаџирање на лигата, истата станува и нерегуларна поради прекршување на лиценцниот систем.
Како последица на оваа манипулација,помеѓу останатото, Прволигашите незнаејќи практично ги донираат второлигашите со опрема бидејќи права на средствата од УЕФА имаат само клубовите кои 2015/16 година играле во Првата лига.
Ова е и една од многуте причини поради кои ние веднаш по нашето доаѓање ќе оформиме здруженија на клубови од Прва и Втора лига.

Обединети за Фудбалот во Mакедонија

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари