Новата година започна со новородено машко дете. Во Акушерското одделение во Општа Болница во Кочани Ѓулџана Мемедова од Кочани ја роди својата прва рожба, на свет донесе машко дете, тешко 3.500 грама и долго 53 см.

По тој повод Гинеколошко-акушерското одделение во Општа Болница – Кочани, го посетија Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски и директорот на Општа Болница, д-р Оливера Цимбаљевиќ.

Градоначалникот Димитровски од име на Општина Кочани, со букет цвеќе и ја честиташе приновата на мајката, а новороденото бебе го даруваше со златно синџирче и новогодишно пакетче, додека директорот на Општа Болница, Оливера Цимбаљевиќ и подари букет цвеќе и пакет подароци за бебето.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари