Следбениците и почитувачите на ликот и делото на Маршалот на некогашна Југославија, членовите на Здружението на Граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани, го прославија својот 9-ти роденден.

Во своето обраќање Претседателот на здружението Трајчо Трендов изминатата година ја оценија како доста успешна кога се во прашање реализираните активности, а како што истакна радува и податокот што во годината што измина здружението доби уште поголем број на членови преди се млади луѓе кои едуцирајќи се ја сфатија вистината за ликот и делото на „Јосип Броз Тито“. .

Што се однесува до прославата, таа и годинава помина доста скромно, започна со интонирањето на химната „Хеј Словени“ а потоа почнаа да се пеат песни посветени на некогашната заедничка држава и на Маршалот на Југославија „Јосип Броз Тито“.

На поголем број на членови им беа предадени Благодарници како знак на сеќавање за нивниот ангажман во здружението.

С. Ивановски

DSCN1668

DSCN1674

DSCN1654

DSCN1658

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари