Општина Кочани во соработка со Сојузот на спортови – Кочани и Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата „Избор на спортист за 2016 година“.

На манифестацијата ќе се изберат:

– најдобар спортист за 2016 година;

– најдобар млад надежен спортист;

– најдобра екипа;

– најдобар тренер;

– спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 20 јануари 2017 година, а документите се доставуваат до „Одделението за јавни дејности“ преку

Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Телефони за контакт: 033 274 001 локал 116; 072 275 610

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари