Општина Кочани подготвено го дочекува периодот на најавениот студ – снег и ниски температури.

„Кризниот штаб одржа состанок и ние сме подготвени да се справиме со временската состојба. Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ располага со доволно ризла, песок и сол за одржување на проодноста на улиците во градот, а избраната фирма за проодноста на патиштата во планинскиот регион“ соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

За наредниот период синоптичарите најавија зголемени врнежи од снег, којшто со ниските температури може да предизвика значителни тешкотии во редовното живеење на населението. Најавени се и екстремно ниски температури до минус 20 степени Целзиусови.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари