Триесет и четири делегати од вкупно четириесет и три присуствуваа на денешното Генерално и Изборно Годишно Собрание на Општинскиот Фудбалски Сојуз од Кочани на кој се работеше по пет точки и дванаесет потточки од предложениот дневен ред.

На Собранието присуствуваа и Филип Поповски – Генерален секретар на ФФМ и Владимир Гашевски Претседател на Комисијата за спроведување на изборите во ФФМ.

За претседател на ОФС Кочани по трет пат едноподруго е избран Љупчо Папазов кој беше и единствениот што беше поднел кандидатура на оваа функција.

Се донесе одлука Управниот Одбор наместо досегашните 11 делегати да брои 9. Во следните четири години со Управниот одбор ќе работат Новак Андонов (Сокол), Симеон Стоицов (Зрновка), Марјан Јангеловски (Каменица Саса), Зоран Васевски (Слога 1934), Бранко Богатинов (ФК Осогово), Сашко Ангелов (Судиски Актив), Владо Андов (Спортски работник) и Оливер Јовановски (тренерски актив) како и Претседателот на ОФС Кочани Љупчо Папазов.

DSCN1695

Нови членови на Надзорниот одбор се: Лазо Димитров, Ангелчо Гошев и Михаил Андов.

Владо Андов, Сашо Крстов, Зоран Васевски и Виктор Ефтимов ќе бидат делегатите кои ќе го претставуваат ОФС Кочани во Собранието на ФФМ, а како член на УО на ФФМ е предложен Владо Андов.

Делегатите ја подржаа кандидатурата на Илчо Горгиоски за нов мандат на местото Претседател на ФФМ.

С. Ивановски

DSCN1686

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари