Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го распиша конкурсот за доделување една стипендиja на спортист – спортска надеж на општина Кочани.

Стипендијата чиј месечен износ е 3.000,00 денари за период од шест месеци се доделува за остварени спортски резултати и достигнувања во 2016 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани за 2017 година.

Право на стипендија имаат жителите на општина Кочани на возраст од 17 – 20 години коишто се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт. Кандидатите треба да се спортисти во индивидуални спортови или во екипни спортови, учесници на национални или на меѓународни систем-натпревари во борење, велосипедизам, гимнастика, карате, машка и женска кошарка, скијање, тенис, триатлон, машки и женски фудбал и во шах.

Критериумите за доделување стипендија и потребните документи за пријавување се опишани во целосната објава на Конкурсот на веб-страницата за Општина Кочани.

Рокот за пријавување е до 17 јануари. Пријавата и потребната документација треба да се достават до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или на адресата на Општината.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари