Почитувани,

Во пресрет на големиот христијански празник Божик, од мое лично име и од име на Општина Кочани, упатувам искрени честитки до сите православни христијани.

Славејќи го Христовото раѓање, го славиме значењето и вредноста на човечкиот живот, безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе во светот.

Светот во којшто живееме е соочен со конфликти и идеолошки конфронтации и овој голем празник нека биде поттик сите заедно да го подобриме за поубава иднина и просперитет на сегашните и на идните генерации. Нека биде мотив за меѓусебно почитување, за негување на толеранцијата и солидарноста.

Посакувам Божик да си го поминеме во добро здравје, духовен мир и празнично расположение, а најмногу од сé со верба за ново раѓање на добрина, искреност и чесност.

Градоначалник,

Ратко Димитровски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари