Ако последната седмица во веќе минатата година бројката заболени од грип изнесуваше само 26 лица и не беше загрижувачка, сега една седмица подоцна бројките покажуваат нагло зголемување на заболени од грип.

Само во последната седмица се пријавени 137 нови заболени од грип па вкупната бројка од 163 и не е за потценување.

Најмногу од заболените се од Кочани 104, па потоа следуваат Виница 42 и Пехчево 17. Во Берово нема пријавено на заболени од грип.

Старосната граница на заболените од грип се движи од 15 до 64 години.

Мошне висока е и бројката на заболени од горно респираторни заболувања. Ако во последната седмица од минатата година таа изнесуваше 605 сега е на високи 915 заболени.

Лекарите и понатаму апелираат на консумирање течности, природни сокови, и избегнување простории каде има голем број на луѓе.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари