Според добиените сознанија од неколкумина наши сограѓани, патниот правец Кочани- Пониква не е прооден.

Информација ни беше потврдена и од одговорните од пунктот на „Македонија пат“ во Кочани.

Како што истакнаа нивно возило утринава се пробило до „Лешката кривина“ но истото морало да се врати бидејќи од повеќе возила имало потреба на патниот правец Крупиште-Штип каде ветерот носел наноси на снег и по два метри.

Инаку на „Пониква“ досега има наврнато околу 30-40 сантиметри снег.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари