Педесетина пакети со храна, вчера и денес беа поделени на социјално загрозените семејства од Општините Кочани и Виница и околните села.

Донацијата е од Ротари клубот „Кочани-Виница“ а пакетите ги поделија нивни членови.

14

Гестот е за поздравување, бидејќи производите од овие пакети ќе можат да се најдат на трпезата на поголем број на семејства за време на Божиќните празници.

Инаку ова е една од многуте донации кои од формирањето ги имаат организирано членовите на Ротари клубот „Кочани-Виница“.

С.Ивановски

12

13

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари