Според информациите што ги добивме од „Македонија пар“ подружница Кочани, патниот правец Кочани-Пониква е расчистен и на истиот може непречено да се одвива сообраќајот.

Единствениот проблем за туристите можеби ќе преставува паркирањето.

Имено поради итност на возилата да се употребат на магистралните и регионалните патишта не било дозволено нивно задржување на „Пониква“ па паркинг просторот не е расчистен во целост.

Сепак, туристите и љубителите на зимските спортови ќе можат да уживаат во убавините што ги нуди Осоговската убавица.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари