Одделението за комунални работи при Општина Кочани ги потсетува сопствениците односно корисниците на јавни објекти дека според Законот за јавна чистота, во зимски услови при снежни врнежи, тие се должни да го исчистат снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект.

Глобата на одговорното лице во правното лице е во висина од 30 % од одмерената глоба за правното лице.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари