Драган Паунов е успешно опериран на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје па неговото враќање на зелениот терен ќе се очекува дури кон средината на пролетниот дел од првенството.

По шест месеци неизвесност еден од најдобрите играчи на „Осогово“ Драган Паунов конечно седна на операциониот стол. Операциониот зафат е дело на д-р Алан Андонов кој успешно го оперираше менискусот на левото колено.

Од Паунов во телефонскиот разговор дознавме дека тој се чувствува мошне добро, операцијата поминала во најдобар ред, па очекува да почне со полесни тренинзи за месец дена, а доколку се оди според планот кон средината на пролетниот дел од првенството да започне и со настапите.

Паунов важи за еден од подобрите играчи на „Осогово“но со неговите игри го привлече вниманието и на другите клубови, па останува да се види кога ќе биде потполно фит каде ќе ја продолжи кариерата овој мошне интересен и благодарен играч.

На Дацката му посакуваме што побрзо враќање на зелениот терен и успешно продолжување на фудбалската кариера.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари