Реклами












ХУМАНИТАРЕН НАТПРЕВАР „БИДЕТЕ ХУМАНИ“

2012-01-24

Во организација на „Црвен Крст“ – Кочани во Петок во Спортската сала во Кочани ќе биде организиран хуманитарен натпревар под мотото „Бидете хумани“.

Најпрвин со почеток во 18,00 часот ќе се одигра кошаркарски натпревар помеѓу наставниците и учениците од Основното Општинско Училиште „Раде Кратовче“, а веднаш по неговото завршување и фудбалскиот натпревар помеѓу Основните Општински Училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.

Влезниците се со симболична цена и истите изнесуваат 30,00 денари а собраните средства ќе бидат наменети како помош за едно тричлено семејство од кое двајца се заболени од леукемија и епилепсија.

С. Ивановски