ИЗБРАНИ НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2011 ГОДИНА
2012-01-21
Во салата за состаноци на Локалната Самоуправа Кочани, претставници на спортските клубови и здруженија заедно со новинарите од Кочани ги разгледуваа предлозите за годинешната спортска манифестација „Најуспешен спортист во Кочани за 2011 година“. Годинава до Одделението за јавни дејности на Локалната Самоуправа Кочани, 8 спортски клубови и здруженија доставија свои предлози за најуспешните во спортот во Кочани за изминатата година.
Двајца спортски новинари, двајца спортски работници, 5 тренери, три клубови 18 надежни спортисти и 5 спортисти беа номинирани за годинешната манифестација. Комисијата ги разгледа сите предлози по што се утврди ранг листата за најуспешните во спортот во Кочани за 2011 година.
За нај успешен спортист на Кочани за 2011 година е прогласен Адил Мехмед од Карате Клубот „Кочани“, 18 надежни спортисти ќе добијат пофалници за нивните постигнати резултати. За најуспешен спортки клуб е прогласен Клубот за Гимнастички спортови „Кочани“, најдобар тренер е Оливер Јовановски од Фудбалскиот клуб „Кочани“ а најуспешни спортски работници се Суад Мехмед од Карате Клубот „Кочани“ и д-р Блаже Горгиев од Карате Клубот „Партизан“. Најуспешен спортски новинар е уредникот на спортската редакција на „Канал 8“ и електронскиот портал komarec.
Официјалното прогласување ќе се изврши на 27 Јануари во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани со почеток во 20 часот.
Годинава Локалната Самоуправа Кочани во соорганизација на Асоцијацијата на спортските новинари и Сојузот на спортови – Кочани додели и специјално признание за Спортската личност на Кочани за 2011 година. Честа да го понесе признанието му припадна на најголемиот спортски амбасадор на Кочани во 2011 година, стандардниот репрезентативец на Македонската Кошаркарска репрезентација Дарко Соколов.
С. Ивановски











