КОЧАНЧАНКИ ГИ ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ
2012-01-22
Женскиот Фудбалски Клуб „Кочани“ ги започна подготовките за пролетниот дел на првенството во Првата Македонска Фудбалска и настапите во Купот на Македонија.
Во првата фаза девојчињата ќе работат на физичката подготвеност за што освен тренинзи на стадионот „Никола Мантов“ ќе посетуваат и теретана, а додека потоа следува работа со топка и одигрување на два контролни натпревари со „Иднина С“ од населбата Оризари.
Во екипата освен девојчињата кои настапуваа во есенскиот дел од првенството вклучени се и неколку млади играчи на кои тренерот Владо Андов сериозно смета во понатамошните првенства.
С. Ивановски











