МОНОГРАФИЈА „70 ГОДИНИ БИБЛИОТЕКА ИСКРА“
2012-02-03
Во присуство на голем број членови на библиотеката, директори на училиштата и љубители на убавата книга, во Кочани со културна и уметничка програма во која учествуваа учениците од Општинското Музичко Училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани во читалната на библиотеката беше промовирана Монографијата „70 години Библиотека Искра“.
Најпрвин гостите беа поздравени од Директорот на библиотеката Данута Ананиева, а по завршувањето на уметничката програма најпрвин им беа доделени комплет книги за нај возрасниот и најмладиот член на библиотеката, а потоа на дел од присутните им беа врачени и благодарници.
Во знак на големиот јубилеј за сите гости домаќините организираа пригоден коктел
С. Ивановски
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
















